„Рајското јаболко“ – доматот е незаменлив за салати, тестенини и готвени јадења

- Advertisement -

„Рајско јаболко“ не е синоним за некој неверојатен или редок овошен плод. Тоа е плод кој е дел од нашето секојдневие, што го употребуваме во секоја прилика, а пастата, салатите, сосовите и многу готвени јадења не можеме да ги замислиме без него. Не случајно симболот на летото и сонцето е доматот, кој воодушевува со својот природен, освежувачки вкус, црвената боја и лековитите ефекти. Одличен е свеж во летните салати, но, всушност малку е познато дека најпозитивните ефекти врз здравјето ги обезбедува кога е варен, бидејќи моќниот антиоксиданс ликопен, кој го содржи доматот, тогаш е покорисен. Доматот е  извонреден продукт, кој особено кога е зготвен, ја покажува својата разновидност, затоа што може да се комбинира со скоро секоја храна.

Истра, дом на доматите на „Подравка“

- Advertisement -

Истра, шареноликиот полуостров на северниот брег на Хрватска, надалеку е позната по повеќевековната традиција на производство и преработка на домати, што се должи на плодната црвена почва и поволната клима. Токму затоа таму „Подравка“ ја смести својата фабрика за преработка на домати, која е единствена од тој тип во Хрватска. Ескпертите на „Подравка“ го следат секој чекор од одгледувањето на доматите, од семе до здрави стебла.

На средината на април расадот се сади крај морето, во околината на Умаг, Пореч, Ровињ и Пула. Комбајните на „Подравка“ по неколку месеци ги берат зрелите домати, ги одделуваат идеално зрелите и ги товараат во возила. Благодарение на современата технологија за берење и близината на погоните во Умаг, доматите се преработуваат во рок од 24 часа после бербата. Компанијата го контролира секој чекор во производството, па затоа до потрошувачите стигнуваат полни со хранливи состојки како ликопен, моќниот антиоксиданс од каде што доаѓа и црвената боја на доматите.

- Advertisement -

Моќта на доматите!

Доматот е овошје што во исхраната може да се употребува свеж, конзервиран, како сок, прелив или како зачин. Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е, а покрај витамините, содржи и значајни количества на манган, железо и бакар. Како резултат на своето уникатно производство на домати, „Подравка“ на своите купувачи им нуди повеќе од 15 преработки од домат. Тие не содржат додадена сол и адитиви, поради што имаат одличен вкус и се неопходен додаток во секоја кујна. Нема подобра паста од онаа подготвена со „Подравка“ пасираните или сецканите домати, со пасата или со пелат.

Сподели!
- Advertisement -