Нова дигитална платформа: за извршената услуга се плаќа со време, не со пари

- Advertisement -

Концептот на дигиталната платформа – временска банка е многу едноставен: трошите еден час време за да му помогнете или да споделите знаење со некој друг преку вештините што вие ги поседувате.

Користење на сопственото време, наместо пари, како ресурс за плаќање и размена на услуги со други луѓе, овозможува новата дигитална платформа – временска банка „Час за час” изработена од здружението на граѓани „Младите можат”, преку креатонот на Фондот за иновација и технолошки развој.

Концептот на дигиталната платформа – временска банка е многу едноставен: трошите еден час време за да му помогнете или да споделите знаење со некој друг преку вештините што вие ги поседувате, а за возврат заработувате кредит од еден час која оди во вашата временска банка, што можете да го потрошите за услуга од еден час што вас ќе ви е потребна од некој друг.

- Advertisement -

Секој час се цени исто, без оглед на извршената услуга и секој вид услуга може да се разменува за друга.

Дигиталната платформа chaszachas.mk е бесплатна и достапна за сите и која ги следи часовите што членовите на банката ги заработуваат и трошат.

- Advertisement -

Проектот е поддржан од Фондот за иновација и техонолошки развој (ФИТР) како дел од КРЕАТОНОТ наменет за идеи кои имаат за цел да ги олеснат условите за време на пандемијата настаната од Ковид-19 и е имплементиран од Здружението на граѓани Младите можат.

Сподели!
- Advertisement -