Изградбата на масивниот проект Raffles City Chongqing се уште трае, но највпечатливиот дел од проектот, „хоризонталниот облакодер“, сега е отворен за посетители. Неверојатниот воздушен мост содржи парк и стаклен под за опсервација.
Проектот вреди 4,8 милијарди долари и се состои од кластер од осум облакодери. Четири од кулите ја држат структурата на хоризонталниот облакодер на висина од 250 метри, кој официјално е наречен Crystal. Самиот Crystal е дoлг 300 метри и тежи импресивни 12.000 тони. Најголем дел од структурата била поставувана на место со кранови.
Посетителите на палубата за истражување на Crystal, како што кажува и самото име, го почнуваат патувањето на првиот кат со изложба подготвена во соработка со National Geographic со детали од историјата и развојот на Чонгкинг. Експрес-лифт потоа за околу 50 секунди ги носи до врвот и кога ќе се отворат вратите, посетителите ги пречекува друга изложба која е замислена иднина за живот на Марс.
Нареден е паркот, пред турата да кулиминира со самата палуба на отворено. Таа има провиден стаклен под и нуди одличен поглед на градот и на двете блиски реки. Остатокот од Crystal ќе биде еден вид на клуб со базени за пливање, ресторани и барови, но тие не се уште довршени и треба да бидат отворени во наредните неколку месеци.
Ако се наоѓате во близина и би сакале да видите како изгледа хоризонталниот облакодер, билетите чинат околу 25 долари.
(New Atlas)
(фото: Wikimedia)