Gorenje отвора нова фабрика – ќе произведува милион телевизори годишно

- Advertisement -

Кинеската групација Hisense, која неодамна стана косопственик на словенечки Gorenjе, планира да отвори нова фабрика во Велење, што ќе донесе стотина нови работни места и за почеток ќе осигура производство на милион телевизори годишно, изјави претседателот на управата на Gorenje, Фрањо Бобинац.

Бобинац објасни дека во процесите во Gorenjе веќе се вклучени 30 експерти од Hisense, а стравот за отпуштање, поради гласините кои кружат, го нарече неоправдан и дека нема да го има. Бобинац, кој од крајот на август е и потпретседател за маркетинг во компанијата Hisense International, додаде дека главниот дел од производството ќе остане во Велење и дополнително ќе се зголемува, пишува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Вториот човек на Gorenjе, Лин Лан, уверува дека процесот на интеграција на Gorenjе со Hisense е добар и брз. Според него, компанијата и вработените се во добри раце и така и ќе остане. Според неговото уверување, компанијата ќе биде уште подобра затоа што има голем потенцијал.

Групацијата Gorenje во првите шест месеци од годинава со приходи од 602,3 милиони евра оствари добивка од 400.000 евра, односно десет пати помалку отколку во истиот период минатата година, објавија од компанијата која има и неколку погони во Србија со околу 3.000 вработени.

- Advertisement -

Меѓутоа, од Gorenjе наведуваат дека најголем дел од добивката ја остваруваат во втората половина од годината, а за цела 2018 година Gorenje планира консолидирана добивка од 8,1 милиони евра, како и добивка од работата во износ од 25,3 милиони евра, пренесоа словенечките медиуми.

Сподели!
- Advertisement -