ЕЦБ планира да основа „лоши банки“ за долговите предизвикани од пандемијата

- Advertisement -

Европската централна банка изработува план како да се справи со потенцијално стотиците милијарди евра неплатени заеми како резултат на пандемијата на корона вирусот. тој план вклучува и основање на „лоши банки“.

Планот, кој моментално се изработува во период додека Европа собира 1.000 милијарди евра за да ја зајакне економијата, има за цел да ги заштити комерцијалните банки од какви било падови од кризата во случај растечката невработеност да ги намали приходите потребни за враќање на заеми.

- Advertisement -

Луѓето запознаени со планот велат дека ЕЦБ основала работно тело кое ќе ја проучи идејата за „лоши банки“ за складиштење на неплатените долгови во евра. Концептот на „лоши банки“ е осмислен за банки кои се основани за да купуваат заеми и други неликвидни удело во други финансиски институции.

Од ЕЦБ не коментираат дали се работи на планот за „лоши банки“. Износот на долговите во еврозоната за кои се смета дека има мали шанси дека ќе бидат отплатени сега изнесуваат повеќе од 500 милијарди евра, вклучувајќи кредитни картички, заеми за автомобили и хипотеки. Тој долг би требало да порасне затоа што пандемијата на корона вирусот зема се од тие што позајмиле. Се очекува дека долгот ќе порасне на 1.000 милијарди евра, оптеретувајќи ги веќе погодените банки и отежнувајќи го новото кредитирање.

- Advertisement -

Како најмоќна институција на еврозоната, пресудна е поддршката на ЕЦБ на планот, но исто така потребно е одобрение од Германија, која е најголема економија во блокот. Берлин долго време се противеше на идеите за прифаќање заедничка одговорност за долговите на други земји, иако неодамна изнесе друго мислење и прифати да се здружи со останатите земји од ЕУ по прашањето за фонд за закрепнување од корона вирусот.

(SEEBiz)

- Advertisement -

(фото: European Parliament)

Сподели!
- Advertisement -