Американци патентираа совршена мамка за заштита на авионите

- Advertisement -

Со температура од над 600 степени Целзиусови, млазните авиони и млазните борбени авиони светат како светилки во мрак со инфрацрвен спектар, поради што и се развиени противвоздушни ракети на топлинско наведување. Но, американската морнарица пронајде начин како да ги заштити борбените авиони на американската војска без да мора да ја намали видливоста.

Станува збор за уред кој проектира лажни инфрацрвени сигнали на небото кои се детектираат како топлински траг на инфрацрвените радари и на тој начин да привлекуваат топлиски наведени ракети. Со други зборови, американската морнарица направи совршена мерка.

- Advertisement -

Традиционалата метода за одбрана од ракети со топлинско наведување е авионот да исфрла факели кои ги привлекуваат ракетите. Новиот уред би требало за таа цел да користи ласери, а не пиротехника.

Тројца научници од американскиот пацифички Центар за поморско информациско војување ја измислија новата противмерка за одбрана. Нивниот уред со помош на ласери создава своја плазма во воздухот. Уредот создава еден вид на лажен чад. Ласерскиот систем би се вградувал на задната страна од авионите за да може да се соѕдаде „дух“ приказ на чадот од авионот кој ќе го таргетираат противвоздушните ракети.

Сподели!
- Advertisement -