Центарот за биоинформатика направи уникатна апликација која лекува со звук и светлина!

- Advertisement -

Центарот за биоинформатикa веќе неколку години во Македонија ги применува принципите на биоинформатиката, наука која ги проучува софтверските системи на биолошките организми. Применетата биоинформатика подразбира употреба на биолошки активни клеточни софтверски програми во медицински цели кои се наменети за лекување на патолошки состојби кај сите живи организми.

Татјана Илијевска и Кристијан Давидовски од Центарот за биоинформатика во Скопје деновиве пуштија во употреба апликација која спаѓа во сегментот на “дигитална медицина“. За што станува збор дознаваме од прва рака.

Разговараше – Верица Јорданова

- Advertisement -

Деновиве Центарот за биоинформатика лансираше нешто ново и уникатно на пазарот, а спаѓа во сегментот на “дигитална медицина“. Може ли поконкрентно да ни објасните за што станува збор?  

Апликацијата Applied Bioinformatics се темели на нашето досегашно работно искуство во полето на применета биоинформатика како и на искуството и знаењата пренесени од нашите колеги и професори од Украина. Во 2015 година дојдовме до идеја да работиме во полето на пренос на информација преку различни видови на носачи. Пример ќе земеме од актуелната светска состојба со вирусот Корона кој претставува клеточна информација запишана на протеински носач. Примерот што го дадов не е исклучиво резервиран само за протеините како носачи на одредени типови на биолошки или клеточни информации/сигнали туку можеме истите да ги запишеме на различни хемиски супстанци (органски или неоргански), но и на сигнали на одредени фрекфенции, како светлина и звук. Работејќи во полето на запис, модулирање и пренос на информации дојдовме до исклучителни откритија кои ни дадоа можност да креираме уникатна и засега прва во свет од ваков тип, апликација која во себе содржи предетерминирани блокови од биолошки активни информации и сигнали.
 
На кој начин функционира оваа апликација и за кои дијагнози, односно болести е апликативна? Кој може да ја користи?

- Advertisement -

Апликацијата функционира на начин што во неа се внесени претходно запишани и обработени информации, кои се докажани во пракса во нашата клиника и во другите установи во светот кои се занимаваат со иста проблематика, дека делуваат благопријатно на одредени состојби. Информациите кои се користат во апликацијата се запишани во фреквенциите на звук и светлина. Ако тие фреквенции се активни во одредена близнина на човекот, ја пренесуваат претходно запишаната информација во нив, и на тој начин се врши преносот на информациите од паметниот телефон или од компјутеорт на човекот кој ја користи апликацијата. 

Во самата апликација има третмани за 51 состојба, како што се: алергии, воспаленија на синуси, главоболка, болки во стомак, рефлукс, болки во уво, вкочанет врат, гастрит, болки во долен дел на рбетот, болки во сите зглобови и мускули, повреди на раце и нозе, болки во стапала, попуштени вени, слаб имунитет. Апликацијата содржи и дел за спортисти, за подобрување на физичката и ментална активност и кондиција, брзо опоравување после физичка активност, умор, недостаток на концентрација, цеулит и се она што му е важно на еден млад човек.

- Advertisement -

Како делува? Така што ако некој има воспаление на синуси или главоболка ја вклучува апликацијата, ја селектира во менито таа состојба која сака да ја третира и преку светлината која се појавува на дисплејот и звукот во позадина се пренесуваат соодветни инструкции за клетките. Го гледа и слуша и веќе после неколку минути го имате ефектот – ја снемува или значително се намалува болката. Кај некои состојби има комплетно корегирање за многу кратко време. Кај некои се чувствува намалување на проблемот и потребен е подолг временски период за корекција. Ова е едноставно вашата дигитална домашна аптека со која може лесно и веднаш да си помогнете.

Дали оваа апликација и терапиите кои ги носи се одобрени од здравствените власти?
 

Со лиценцата за работа издадена од Министерството за здравство се што е припремено во приватната здравствена установа Центар за Биоинформатика е самото по себе одобрено како терапија, затоа што оваа апликација во суштина е исто што и терапијата која се аплицира во клиничка пракса.

Oд Фреја форумот во Скопје каде за првпат беше презентирана апликацијата

Во што се состои уникатноста и иновативноста на апликацијата?

Уникатноста и иновативноста на апликацијата е во два правци. Едниот е самата биолошка активна клеточна информација која моментално е врв во достигнувањата на денешната цивилизација во полето на меѓуклеточната комуникација и вториот уникатен дел е записот и преносот на информацијата од смарт уред до човекот.

Споменавте дека веќе постојат заинтересирани партнери за ова најново решение на Центарот за биоинформатика? 

Соработници и партнери постојат со кои имаме одлична соработка и во иднина подготвуваме уште вакви и слични апликации за смарт телефон и за компјутер, но повеќе ќе ве информираме кога ќе бидеме во финална фаза.

Апликацијата може да се симне на следните линкови:

За Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.bio.bioinformatics&hl=en

За IOS: https://apps.apple.com/us/app/applied-bioinformatics/id1507347284?ls=1

Сподели!
- Advertisement -