Зоран Дерновшек, изумител на суплементот РЕНС кој помага при лекување на аутизам

- Advertisement -

Зоран Дерновшек е изумител по потекло од Словенија, македонски зет а моментално живее во Италија. Тој има неколку вредни изуми , но еден привлекува особено големо внимание. Тоа е  суплементот РЕНС-RENS ( Rappid effect natural supplement) кој  се користи во третирање на аутизам, болести кои ги напаѓаат нервните клетки но и многу други болести

Подетално за овој суплемент раскажува Дерновшек за Иновативност:

„Улогата на  истражувач и изумител ја почнав уште од основното училиште.  Пред моето најзначајно  откритие, а кое и ми помогна да дојдам до него, беше простирка за животни која го неутрализира лошиот мирис и која  го заштитува животното  од инсекти.  Оваа простирка успешно ја тестиравме и во Липица, Словенија. Тоа откритие ми помогна да ја развијам формулата РЕНС,  едно од моите најзначајни и револуционерни откритија. Toa е формула која ја развивав 4 години, а која произлегува од колевката на животот, од каде што почнува и самиот живот, од алгите. Алгите какви што ги знаеме и ги конзумираме во исхраната имаат еден вид на енергија, но јас во своите истражувања успеав да  пронајдам, ослободам и исконтролирам друг вид на енергија, која ја поседуваат алгите со чијашто помош можат да се предизвикаат големи подобрувања во човековото тело.  РЕНС е суплемент кој  се користи во третирање на аутизам и болести кои ги напаѓаат нервните клетки, но исто така тој се користи во третирање и на многу други болести.  Еден од начините како РЕНС помага во третман на аутизмот е преку вршење на детоксификација на клетките.

- Advertisement -


РЕНС има 40 функции од кои 3 се главни. Како прво врши зголемена оксигенација на клетките.  Ова е многу важно бидејќи често имунолошкиот систем не може да ги препознае здравите клетки од заболените т.е оштетените клетки ( во кои се кријат бактерии кои лачат токсини) кои би ги нападнал доколку би ги препознал.  Со зголемената оксигенација  која ја прави РЕНС-от здравите клетки го зголемуваат енергетското ниво многу повеќе  од оштетените клетки,  па таа разлика во енергетското ниво му помага на имунолошкиот систем да ги препознае и совлада оштетените клетки и да ги замени со нови. При распадот и дезинтеграцијата на оштетените клетки, биолошкиот дел од клетката се распаѓа во околината во која тие се наоѓаат и ја закиселува.

РЕНС делува како природна сода бикарбона  т.е. ја неутрализира киселата средина. Остатокот од лошата т.е. оштетената клетка, како на пример некои токсини или метали кои што таа може да ги содржи, одат или во крвта или во мозокот. РЕНС ги врзува токсините и ги вади од телото. Тоа е и главната улога на РЕНС, да  прави детоксификација на телото од металите и токсините и на тој начин помага во третман на  болестите.  Кај голем број од болестите причината се бактериите кои не се откриени од имунолошкиот систем, како и металите или друг вид на тоскини.

- Advertisement -

Всушност РЕНС прво почнав да го развивам како препарат кој би помогнал во третирање на ракот, и токму со него му помогнав на еден мој пријател кој беше заболен. После третман од половина година и по направената контрола кај својот онколог, немаше ниту трага од ракот.

Успешно беше и третирањето на една жена која имаше Хронова болест,  каде што има воспаление на цревата, а дел од симптомите се болка во стомакот, дијареа, повраќање, губење на тежина итн.

- Advertisement -

Други состојби и болести при кои РЕНС-от се покажал ефективен се:

–  аутизам и неуро-дегенеративните болести,

–  третирање на рани за побрзо зараснување,

–  регулација на функцијата на срцето, бубрезите, мозокот, хормоналниот систем,

–  заштита на црниот дроб и детоксификација на организмот преку елиминирање на арсен, хлор, алуминиум, жива, радиоактивни метали, пестициди и други токсини,

– ја регулира ph вредноста на телото со тоа што ја неутрализира киселоста,

– има антивоспалително дејство,

– го освежува здивот и ја елиминира парадентозата,

– ги релаксира нервите и мускулите и ја намалува анксиозноста и депресијата без негативни   последици,

– го успорува процесот на стареење преку брза регенерација на клетките,

– ја олеснува менопаузата, исто така помага при ПМС,

– го стимулира растот на косата и го обновува скалпот,

– дејствува против надворешни и внатрешни габични заболувања,

– ја обновува кожата,

– го зголемува либидото.

Деновиве во Словенија е многу актуелен случајот на едно момче, во чиј третман  значајна улога имаше и мојот изум. Имено, во период од 10 месеци РЕНС-от помогна момчето да излезе од рамките на она што се смета за аутизам,  состојба која е потврдена од официјалните лекарски наоди во Виена.

Дерновшек на предавање во Скопје минатата година

Мојата идеја е во иднина  да отвориме центар каде што ќе се лекуваат аутистични деца од целиот свет. Сакам тој да е лоциран во Охрид. Имено, мојата сопруга е од Охрид, а тој со својата локација е најпогоден за таков вид на центар.

Да се помага и да се допринесува на општеството е една од работите кои ги прават луѓето најсреќни.  Јас би бил многу среќен кога би можеле да ја реализираме идејата за отворање на светски центар во Охрид, како би помогнале на многу луѓе.“

 

Сподели!
- Advertisement -