Русија планира во септември годинава да почне со производство на вакцина против корона вирусот откако ќе завршат клиничките испитувања и добие потврда во август. Daily Sabah пишува дека заменик-премиерката Татјана Голикова изјавила дека во Русија моментално таа вакцина се тестира на доброволци.
Во мај годинава државниот институт Национален изтражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеј објави дека развил вакцина против корона вирусот. Како што велат од Институтот, вакцината нема нус-појави, а научниците ја тестирале на животни, а потоа и на самите себе.
Студијата за вакцината уште не е објавена, а засега нема ни официјална потврда од научниците или од членовите на владата. Руската војска моментално ја тестира вакцината на 50 доброволци во воен истражувачки центар во регионот на Москва. Тестирањето треба да заврши до крајот на септември. Рускиот претседател Владимир Путин побара руската вакцина да се развие што побрзо.
(Klix.ba, Daily Sabah)
(фото: Freepik)