Гугл следи скоро се што купуваме на интернет

- Advertisement -

Google ги следи и чува информациите за речиси сè што купуваме на интернет – без оглед на продавницата или услугата што ја плаќаме. Гигантот користи алатка за складирање вредни информации што се достапни дури и за корисниците.

За оваа алатка сподели CNBC. Како што е споменато, уште почудно е дека секој корисник на Google има пристап до веб-алатката која е активна за неопределено време. Можете да проверите што сте купиле на следната адреса.

- Advertisement -

The Verge додава дека извештајот за купени производи во нивниот случај датира од 2010 година, и ова вклучува дури и софтвер купен преку Apple App Store.

„За да го направиме полесен процесот за следење и организирање на вашите купувања, резервации и претплати, ние направивме дестинација за лична употреба, која може да биде видена само од конкретниот корисник“, вели Google за The ​​Verge за функционалноста на својот инструмент.

- Advertisement -

„Можете да ги избришете овие информации во секое време. Не ги користиме овие информации за да ви пуштаме реклами“, додава портпаролот на гигантот. Последниот сепак не дава одговор колку време постои споделениот во овој текст инструмент.

Потсетуваме дека во 2017 година Google посочи дека ќе престане да ги користи собираните преку Gmail информации со цел персонализирана реклама.

- Advertisement -

(Извор – Маркетинг365)

Сподели!
- Advertisement -