Oтворен најуникатниот ресторан со само шест маси во близина на Стокхолм

- Advertisement -

Шведскиот бренд за безалкохолни вина Oddbird отвори привремен летен ресторан во природен резерват лоциран во близина на Стокхолм. „Ресторанот“, именуван “Nowhere” („Никаде“), се состои од само шест маси кои се распоредени на различни, особено прекрасни локации низ резерватот – далеку од сите останати гости.

Со текот на времето станавме експерти за бегство, ментално и физично, но поради кризата на корона, бевме приземјени и принудени на застанeме. Наместо да патуваме во странство, се најдовме во природа и откривме магични места кои претходно не сме ги сметале за дестинации. Во суштина не се работи за самото место до кое сакаме да дојдеме со Nowhere, туку состојбата на умот“, истакнува Мехмет Гурбузер од Oddbird.

- Advertisement -

Сите шест локации се индивидуално дизајнирани од данското дуо The Normans, и тоа со рециклиран мебел и материјали. Безалкохолните вина на Oddbird ќе се служат заедно со оброци кои се дело на готвачите Лин Содерстром и Маријон Рингборг, кои исто така стојат позади ресторанот Garba во Стокхолм. Ресторанот “Nowhere” ќе започне со работа и резервации од 22 јуни.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -