Асоцијација за Е-трговија на Македонија и МБА заеднички ќе ја развиваат е-трговијата во земјава

- Advertisement -

Со потпишување на овој меморандум за соработка Македонската банкарска асоцијација ќе работи на подобрување на банкарските услуги поврзани со е-трговија, унапредување на транспарентноста, безбедноста, брзината и квалитетот при извршување на услугите – вели Штериева.

Меморандум за соработка потпишаа Македонската банкарска асоцијација и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Меморандумот беше потпишан од претседателката на МБА, Маја Стевкова Штериева и в.д. претстедателот на Асоцијацијата, Филип Чижбановски.

- Advertisement -

Како што соопштуваат со Меморандумот се предвидува Македонската аанкарска асоцијација (МБА) и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) да разменуваат информации од заеднички интерес, да споделуваат тековни и нови искуства, да креираат и земаат учество на настани од областа за е-трговија и да придонeсуваат за финансиска едукација и инклузија односно развивање на дигиталната писменост, способности и градење на капацитетен пазар на труд во секторот за е-трговија, како и за развојот на програмите за потребите на корисниците на банкарските услуги. Исто така, ќе разменуваат професионални совети и ќе споделуваат тековни и нови искуства.

– Со потпишување на овој меморандум за соработка Македонската банкарска асоцијација ќе работи на подобрување на банкарските услуги поврзани со е-трговија, унапредување на транспарентноста, безбедноста, брзината и квалитетот при извршување на услугите и ќе се стремиме заеднички да придонесеме кон подигнување на нивото на едукација на клиентите и зголемено користење на платежните картички во секојдневието, вели претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, Стевкова Штериева.

- Advertisement -

Асоцијацијата, како што изјави Чижбановски, ја поздравува отвореноста за соработка на банките како значајна алка во синџирот на е-трговијата имајќи предвид дека само со заеднички пристап од сите засегнати страни може да се влијае кон подобрување на условите во кои работат е-трговците и да се стекне довербата на онлајн купувачите.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Северна Македонија.

Сподели!
- Advertisement -