Транспортот и размената мора да се одвиваат непречено. Се бараат мерки за поддршка!

- Advertisement -

Услужната комора на Македонија ја презентира состојбата во секторот транспорт, кој во моментов се соочува со бројни предизвици.  Транспортерите имаат голема одговорност да се испорача се што е потребно за граѓаните и индустријата, во услови на силен притисок предизвикан од глобалната пандемија, беше истакнатo на денешната прес конференција.

Филип Манојловски, ги презентираше главните мерките кои е неопходно да се преземат за ублажување на шокот и предизвиците, како од здравствен така и од економски аспект со цел размената и транспортот на стоки да се одвиваат непречено.  Бараат нивно итно донесување, бидејќи моменталната состојба, налага компаниите да се затворат и да чекаат подобри времиња, кога би започнале со дејност повторно, бидејќи со секој изминат ден се  соочуваат со големи тековни трошоци, а наплата на побарувањата скоро и да нема.

- Advertisement -

Во насока на тоа да се зачува здравјето на возачите, што е неопходен предуслов за работа, Владата треба да обезбеди пунктови кои ќе бидат функционални за возачите, каде ќе се прават брзи тестови со цел да не се губи време како до сега со закажување на матичен доктор и чекање на термин за да може да бидат тестирани. Транспортерите и натаму треба да останат клучен фактор во синџирот на снабдување на населението со неопходните продукти во оваа ситуација, како и одржување на индустријата. Возачите на товарни возила се најизложени исто како и докторите, полицијата, војската, медиумите кои се носители на одговорност и висок ризик во оваа ситуација за зачувување на здравјето, снабдување со основни продукти за живот на нашите граѓани како и одржување на економијата. Доколку транспортерите запрат со работа рафтовите во маркетите би останале празни, економијата би ризикувала застој, фабриките би имале проблеми со дистрибуција на производите, а во тој случај и многу граѓани би останале без работа. “, изјави Манојловски и додаде дека  покрај големиот број совесни возачи, голем дел од компаниите се соочуваат со ситуации на злоупотреба во овие тешки времиња и одбивање на работа по донесување на вонредната состојба во земјава, а немаат насоки како да постапат и да се заштитат.

Услужната комора побара Царинската управа и царинските службеници да работат со полн капацитет, бидејќи во одредени случаи на поднесени барања за издавање на одобренија од страна на компаниите, истите се проблематизираат поради редуцираниот капацитет на царинското работење.

- Advertisement -

Во овие вонредни времиња, Услужната комора апелира на пролонгирање на рокот за регистрација на товарните и патнички моторни возила до завршувањето на кризата, бидејќи претставува дополнително оптоварување и трошок како за компаниите, така и за сите граѓани,  а со тоа и  осигурителните компании да ја продолжат важноста на полисите за истиот рок. Транспортните компании и натаму ги обезбедуваат и ги запазуваат сите превентивни мерки донесени од Владата за заштита и превенција од Ковид 19, секојдневно се врши дезинфекција на возилата, обезбедување на  заштитни маски, ракавици, средства за дезинфекција, заштитни навлаки за обувки согласно сите препораки. Потребно е во овие вонредни услови, да се преземат и вонредни мерки како генерално одложување на обврските за рати на кредити овие 3 месеци во целост. Откако ќе заврши кризата да се продолжи нормално враќање на ратите, а истото да се примени и за одложување на лизинг обврските“, потенцира Манојловски и додаде дека треба да се разгледа можноста, К-15 за вработените  да се одложи со уредба за наредната година или да се укине обврската за годинава.

Дел од мерките кои се преземени во Словенија во оваа насока, се зголемување на платите на оние гранки кои во моментот се најмногу оптоварени како медицинскиот персонал, вработените во трговија, транспорт и сл. 

Сподели!
- Advertisement -