Waterwolf е електрична даска за сурфање за која не ви се потребни морски бранови и можете да ја возите по реки и езера. Даската е флексибилна и брза и функционира и кога нема ветар. За да сурфате со Waterwolf треба само да го притиснете копчето за стартување и почнувате да сурфате.
Ова е првата електрична даска во светот на која може да се сурфа. Не е потребно да сте искусни сурфери затоа што е многу полесно да се одржува рамнотежа. Даската нема никаква емисија на штетни гасови, а е добитник на наградата ISPO Award 2018.
Даската е германско производство. Сите високотехнолошки компоненти се направени во Германија. Во иднина е планирана изработка на bluetooth часовник за контрола со гестови.
(Startup Selfie)
(фото: Waterwolf)