Колку и да е тешко да се навикнеме на новата реалност, заштитните маски за лице се тука и ќе останат тука уште подолго време. Но, носењето маски со себе носи повеќе проблеми во секојдневниот живот. Кога носиме маски потешко е да се разбереме едни со други, особено ако зборуваме на телефон, а ситуацијата е уште потешка ако се обидуваме да комуницираме со странец или со некој кој има проблеми со слухот.
За да го решат тој проблем јапонската компанија Donut Robotics дизајнираше модерна заштитна маска која освен што штити, ја олеснува комуникацијата. Заштитната маска C-Mask се става преку маската за еднократна или повеќекратна употреба, во себе содржи микрофон и во комбинација со паметен телефон ја олеснува комуникацијата додека истовремено се одржува безбедното растојание меѓу соговорниците.
Имено, микрофонот кој се наоѓа во маската го прима тоа што го зборувате, го испраќа преку Bluetooth до паметен телефон и со помош на алгоритам за препознавање на говор го превора говорот во тескт кој го гледате на екранот на паметниот телефон или пак, едноставно го пренесува гласот преку звучникот на телефонот за соговорникот да може појасно да слушне што зборувате.
Освен тоа, апликацијата која оди со маската има можност за превод на осум светски јазици. Од Donut Robotics имаат големи планови за надградба на маската и додавање нови опции, но сасега имаат отворена страница за преднарачка. Цената на една ваква маска во Јапонија изнесува околу 35 долари, а компанијата планира да ги продава маските во целиот свет, но уште не е познато кога.
(Dnevnik.hr)
(Donut Robotics)