Научници го открија центарот на нашата галаксија, но тоа не е Сонцето

- Advertisement -

Луѓето со години беа убедени дека центарот на вселената е Земјата. Таа заблуда ја исправи Никола Коперник, кој на светот му објасни дека Земјата не е центар на вселената, туку тоа е Сонцето. Но, научниците веќе долго знаат дека и тоа не е целосна вистина.

Да, Сонцето е центар на нашата галасија, барем кога ја анализираме организацијата на Сончевиот систем, меѓутоа тоа не е и гравитацискиот центар на галаксијата. Научници од Северноамериканската опсерваторија за гравитациски бранови Нанохерц во соработка со професорот по физика и астрономија од Универзитетот Вандербилт, Стивен Тејлор, одлучиај да се фокусираат на пронаоѓањето на гравитацискиот центар на нашата галаксија за полесно и попрецизно одредување на положбата на црните дупки.

- Advertisement -

„Користејќи пулсари го набљудуваме Сончевиот систем. Се обидуваме да бидеме како пајаци кои седат во центарот на мрежата и го следат и најмалото нејзино движење“ вели Тејлор.

Но, пронаоѓањето на гравитацискиот центар на Сончевиот систем не е ни лесно ни едноставно. За да го најдат научниците морале во прилично сложена средина да ги најдат гравитациските полиња на сите планети, астроиди и месечини. На крајот дошле до координати кои се исклучително прецизни. Поточно, знаат каде е гравитацискиот центар во круг од 100 метри. Со оглед на тоа колку е голем Сончевиот систем, може слободно да се каже дека тоа е навистина голем успех.

- Advertisement -

Поради многу големата гравитација која владее на Јупитер, вистинскиот центар на гравитацијата не се наоѓа во центарот на Сонцето, туку поблиску до неговата површина.

Тој податок ќе им овозможи на научниците полесно да ги проучуваат црните дупки, но и ќе го следат движењето на планетите и другите предмети и појавите во вселената, а можеби и да откријат нешто ново во нашата галаксија.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -