Паметниот робот-куче на Sony отсега помага со домашните обврски и ги забавува децата

- Advertisement -

Роботот-куче Aibo отсега ќе може да биде програмиран да прави нови трикови и ќе може да стане ваш најдобар пријател. Компанијата Sony ангажираше девелопери да развијат услуги и апликации кои може да работат на Aibо.
Тие објавија и ново видео на кое подобро објаснувааѕ што ќе значи тоа за сопствениците на таков робот, кој отсега ќе може да се програмира со помош на Интернет и на апликации.

Aibo ќе може да ја контролира микорбрановата печка, да ја вклучи роботската правосмукалка, да ги потсети децата дека го оставиле фрижидерот отворен, а воедно би бил и надзорна камера за родителите. Ова е одлична замена за виртуелниот асистент Alexа.

- Advertisement -

За да зададете обични команди тука е Аibo Visual Programming, кој го учи Aiво што да прави. Еден од примерите кои ги наведуваат е како паметниот робот собира марамчиња, што и тоа како е корисно кога сте настинати и не ви се чисти по дома.

Од Ѕony, сепак, нагласуваат дека нема да може да се сменат емоциите на Aibo, неговиот карактер или расположението, но ќе можете да го научите на нови трикови за да ви ја олесни работата по дома.

Сподели!
- Advertisement -