НАСА објави „тајмлапс“ видео од Сонцето, документирајќи ги промените во текот на изминатата деценија. Опсерваторијата ја следи нашата најблиска ѕвезда веќе десет години од јуни 2020 година, при што има 425 милиони слики со висока резолуција направени на секои 0,75 секунди, што повлекува база од 20 милиони гигабајти податоци.
Видеото, кое трае еден час, покажува значајни настани, вклучувајќи и транзитирање на планети и ерупции, објави НАСА. За да се направи видеото, е користена по една фотографија од секој час, која датира помеѓу 2 јуни 2010 и 1 јуни 2020 година. Видеото има над 2 милиони прегледи, откако е прикачено на 24 јуни.
Инаку, ова не е единственото видео што го објави НАСА. Во 2016 година, агенцијата покажа како Меркур се движи покрај Сонцето.
Извор- Радио МОФ