Airbus планира да отпушти 15.000 луѓе

- Advertisement -

Европскиот производител на авиони Airbus планира да укине 15.000 работни места поради тешката финансиска ситуација во која се најдe поради корона вирусот. Најмногу работни места би требало да се укинат во Франција и во Германија, по 5.000, во Велика Британија планира да укине 1.700 работни места, околу 900 во Шпанија, а остатокот во други земји.

Управата на Аirbas веќе почна преговори со синдикатите и се очекува дека ќе постигнат договор од оваа есен, а до иднотот лето треба да биде спроведен планот за отпуштање од работа на околу 15.000 работни места.

- Advertisement -

„Сакавме да ја избегнеме оваа ситуација, но Airbas е сoочен со најголемата криза во историјата на авиоиндустријата“, изјавија од Airbas. Компанијата има вкупно 135.000 вработени, а 90.000 од нив работат на производни делови за авиони.

(Seebiz, Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -