До 15 јули може да се аплицира за финансиска поддршка за набавени назимки и пчелини матици

- Advertisement -

Во тек е јавниот повик за доставување барања за финансиска поддршка на сточарите кои набавиле назимки и пчелини матици. Огласот беше објавен на 20 јуни, а истекува за десетина дена. Крајниот рок за аплицирање е 15 јули.

На повикот може да се пријават сите сточари кои од први октоври до 31 декември 2019 година набвиле педигрирани, хибридни чистокрвни свиња и пчелини матици од одобрени одгледувалишта, а право на учество имаат регистрираните земјоделски стопанства.

- Advertisement -

Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник.

Финансиската поддршка за Мерката 121, се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

- Advertisement -

Ставката за кофинансирање се зголемува ако инвестицијата ја реализирал млад земјоделец (55 отсто), ако инвестицијата е во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство (до 60), ако инвестицијата е во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство и носител е млад земјоделец (до 65 отсто), како и ако инвестицијата е во недостапни рурални заедници (75 отсто).

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб
страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk , e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Сподели!
- Advertisement -