Европска комисија бара исти правила за социјалните мрежи како и за сите медиуми

- Advertisement -

За измените и дополнувањата во Директивата за аудио-визуелни медиумски услуги, во еден дел се заслужни и емитерите кои сакаат социјалните мрежи да имаат исти обврски како и традииционалните медиски компании, пренесува Маркетинг 365.

Социјалните мрежи како Фејсбук, ЈуТјуб и Твитер ќе треба да ги почитуваат истите правила за емитување како и другите радиодифузери, одлучи Европската комисија, a пренесува Евроактив. Измените во Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги делумно се должат и на радиодифузерите кои сакаат социјалните мрежи да ги имаат истите обврски како и традиционалните медиски компании.

- Advertisement -

Социјалните мрежи, на сличен начин како и традиционалните медиски компании, ќе треба да ги заштитат корисниците од говор на омраза и да обезбедат малолетните лица да бидат заштитени од штетна содржина“, соопшти Комисијата.

Интернет-платформите мора да преземат акција против содржината што поттикнува насилство, омраза и тероризам и мора да обезбедат соодветно рекламирање и пласирање на производи во детските програми“, се вели во соопштението.

- Advertisement -

Исто така, Европската комисија истакна дека стриминг платформите како што се Нетфликс и Амазон Прајм, ќе треба да посветат 30 проценти од нивните каталози на европска содржина. Во цела Европа, давателите на медиумски услуги ќе треба да меѓусебно да соработуваат за промовирање на европските филмови и ТВ-емисии.

Сподели!
- Advertisement -