ОН: Пандемијата на корона вирусот може да резултира со 132 милиони хронично гладни луѓе во светот

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот може да доведе 132 милиони луѓе ширум светот до хроничен глад до крајот на годинава. На тоа предупредуваат Обединетите нации во последниот извештај објавен пред два дена и ги повикуваат владите на државите да усвојат сетови од алатки за да им помогнат на луѓето да можат да си дозволат квалитетна хранлива храна.

Минатата година 2 милијарди луѓе во светот имаат проблеми со несигурни извори на храна, покажа извештајот Food Security and Nutrition in the World на Обединетите нации за 2020 година. Со оглед на тоа колку брзо расте тој број, ОН предупредуваат дека сериозно се доведува во прашање остварувањето на една од нивните основни цели – искоренувањето на глобалниот глад до 2030 година.

- Advertisement -

Најголем дел од сиромашните луѓе во светот едноставно не можат да си дозволат хранливи и квалитетни оброци затоа што се многу поскапи од 1,90 долари по човек дневно, колку што изнесува прагот на интернационалната сиромаштија.

Ен Кепл, експерт за сигурност на храната во Организацијата за храна и земјоделство на ОН и еден од авторите на извештајот, вели дека пандемијата уште повеќе ја влоши ситуацијата затоа што ги прекина синџирите на достава на храна. Освен тоа, милиони луѓе ги изгубија своите работни места, а цената на храната нагло се зголеми речиси секаде во светот.

- Advertisement -

„Владите мора да имплементираа политики во корист на сиромашните луѓе со цел да се намали нееднаквоста на примањата на населението“, објаснува Кепл.

Битката против несигурноста на храната во најсиромашните земји во светот беше голем проблем уште пред појавата на корона вирусот. После децении на опаѓање, бројот на гладните луѓе во светот расте од 2014 година наваму. И додека Африка има најголем број луѓе кои немаат сигурен оброк во денот, најбрзо расте бројот на гладни луѓе во Латинска Америка и на Карибите – од 22,9% во 2014 година на 31,7% во 2019 година. Пандемијата исто така придонесе за гојазност кај децата и возрасните, особено кај најсиромашните нации кои веќе се бореа со недостиг на квалитетна храна.

- Advertisement -

ОН ги повикуваат владите да имплементираат политики и да инвестираат во програми кои ќе помогнат да се намали цената на квалитетната храна и да се осигура дека секој ќе може да си дозволи здрава храна.

(Al Jazeera)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -