Српски научници осмислија уред кој го спречува ширењето на корона вирусот преку клима уредите

- Advertisement -

Група српски експерти создадоа целосно нов уред кој го спречува ширењето на корона вирусот и останатите вируси преку климатизациските и вентилациските системи и така го намалува ризикот зааразата да се пренесе на овој начин.

После информациите на Светската здравствена организација дека корона вирусот се шири преку воздухот, се погласни се препораките од експертите да се исклучат клима уредите во деловните простории.

- Advertisement -

Револуционерното решение за овој проблем до кој дојде групата српски експерти работи на принципот на УВЦ зрачењето во каналите на системите за греење, ладење и вентилација, со кое се уништува ДНК на вирусот и бактериите, се врши стерилизација на воздухот и повторно се враќа назад во просторот како третиран, целосно чист воздух.

Ова решение едноставно се надоградува на постојните системи и има широка примена во објекти со централизирана климатизација и вентилација. Тој иновативен производ го поддржало Министерството за иновации и технолошки развој на Србија во рамките на акцијата за спречување на ширењето и сузбивањето на болеста КОВИД-19, „Биди ти херој“ (“Budi i ti heroj”), за која компанијата Propokan Pro d.o.o. доби признание.

- Advertisement -

Своето иновативно решение српските ескперти го ставиле на располагање на Србија за време на оваа криза предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -