Дали знаете дека годишно се фрлаат 128 милиони тони млеко. Стартап од Лос Анџелес, Mi Terro, користи биотехнологија за да претвори дел од таа количина во влакна, од кои потоа се прават биоразградливи маици.
Трансформирањето на расипаното млеко во облека можеби звучи како нешто од иднината, но Mi Terro веќе го има совладано процесот. Со помош на технологија која ги преработува протеините на млекото компанијата создаде целосно уникатен процес кој наоѓа иновативна примена за реупотреба на отпадот од храна и коирсит 60% помалку вода отколку конвенционалното производство на памучни маици.
Методот го измислиле за само три месеци соосновачите Роберт Луо и Даниел Жуанг. После посетата на фармата на чичкото на Луо во Кина во 2018 година, Луо видел колку млечни производи се фрлаат и после извесно истражување, открил дека проблемот со отпадот од млеко е глобален.
Првиот чекор е да се собере млекото и другите млечни производи од фармите, центрите за процесирање храна и од продавниците. Компанијата потоа користи технологија за активација на протеини и прочистување за да ги екстрахира и да ги прочисти протеинските молекули од млечните бактерии. Последниот чекор е користење на динамично вртење со цел да се претворат казеинските протеини во еколошки влакна.
Сите се прашуваме како изгледа една маичка направена од млеко. Како што велат од компанијата, маичките се трипати помеки отколку памучните, антимикробски, не попримаат мириси, не се гужваат и помагаат за регулирање на температурата. Ако тоа не е доволно, секоја маичка содржи 18 аминокиселини кои ја негуваат кожата и ја подобруваат нејзината текстура.
Mi Terro, исто така, сади по 15 дрвја со секоја купена маичка, но не сакаат да застанат таму. Нивниот иновативен процес, за кој чекаат да им се одобри патент, исто така може да се искористи за други еколошки производи и да направат одржлива замена за пластиката. Целта е да се создаде нов тип на циркуларна економија.
(Inhabitat)
(фото: Mi Terro)