Србија почна преговори за забрана на пластиката за еднократна употреба

- Advertisement -

Министерот за заштита на животната средина на Србија, Горан Тиван вели дека се водат преговори за забрана на пластиката за еднократна употреба. Тиван изјави дека се планира укинување на пластиката за еднократна употреба и дека годинава ќе стапат на сила мерките во врска со забраната.

Исто така, како што вели тој, се подгoтвува депозитен систем кога е во прашање пластиката и се останато што е амбалажен отпад од тој вид кој може да се рециклира, односно кауција за враќање на пластични и стаклени шишиња, лименки итн.

- Advertisement -

„Преговараме и разговараме со ентитети кои се заинтересирани за тоа“, наведе министерот. ЕУ минатата година воведе забрана за употреба на пластични предмети за еднократна употреба како што се чиниите, приборот за јадење и сламките за пијалаци.

Сподели!
- Advertisement -