Граѓаните на земјите членки на ЕУ плаќаат повисока цена во последнава година, во споредба со претходниот период. Од 2018 до средина на 2019 година просечно цената на струјата се зголемила за 1,3 %, покажуваат податоците од Еуростат. Според податоците од Еуростат скоро 41 отсто од цената на струјата отпаѓа на даноци. Покрај цената на струјата раст од 1,7 отсто е забележан и кај цената на гасот.
Цената за еден киловат час во ЕУ изнесува 21,4 центи. Македонија има значително пониска цена на струјата од онаа на земјите во ЕУ, иако над 40 отсто од потребите се увезуваат. Цената за еден киловат час во Македонија изнесува 7,83 центи или околу три пати пониска од цената на еден киловат во земјите од ЕУ.
Од 1 септември цената на струјата во соседна Србија ќе се зголеми за скоро 8%, пренесува српски Blic. Зголемувањето на цента на струјата во Србија следи по анализата што ја направи Електростопанството на Србија, по барање на Меѓународниот монетарен фонд, а анализата покажала дека цената за производство на струја е повисока од продажната цена.