УНДП предлага привремен основен приход за 2,7 милијарди луѓе

- Advertisement -

Агенцијата на Обединетите нации УНДП побара воведување на привремен основен приход за 2,7 милијарди сиромашни луѓе во светот во услови на пандемија на коронавирусот. Ваквите мерки може да го запрат ширењето на вирусот со тоа што ќе им дозволат да останат дома на оние што се близу или над границата на сиромаштијата во 132 земји во развој.

Седум од десет работници во посиромашните земји во моментов заработуваат приходи преку неформални пазари и не можат да си дозволат да останат дома, истакнува УНДП.

- Advertisement -

– Невидени времиња бараат невидени социјални и економски мерки. Воведувањето на привремен основен приход за најсиромашните во светот се појави како една од опциите. Пред само неколку месеци, ова можеби се чинеше незамисливо, изјави шефот на УНДП Ачим Стајнер во соопштение за медиумите.

УНДП проценува дека обезбедувањето таков привремен, загарантиран основен приход би чинел најмалку 199 милијарди долари месечно и би можело да се финансира преку пренаменување на постојните средства, како што се субвенциите за фосилните горива.

- Advertisement -

(МИА)

Сподели!
- Advertisement -