Mакедонското студио за развој на игри „Dark-1“ објави тизер трејлер за играта „Скопје“, која е инспирирана од бруталистичката архитектура, југословенската типографија, но истовремено водена од сајберпанк и неонски мрачни теми.
Како што веќе најавија дечките од „Dark-1“, целта е да го доловат безвременскиот дух на градот во едно пост-апокалиптично сценарио, кое метафорично може да се поврзе со пост пандемискиот период. Воедно, сакаат и да ја разбудат љубопитноста на светските гејмери за Скопје.
Целта на играчот е да го истражува уништениот град, да ги открие причините зад неговото уривање, да ја надмине хордата на обезличени и мутирани суштества коишто го доминираат градот, да обезбеди ресурси за да опстои и најважно да преживее, објаснија од студиото.