Американски инвеститори размислуваат да ја купат кинеската апликација TikTok

- Advertisement -

Американски инвеститори размислуваат да ја купат видеоапликацијата од кинеската компанија ByteDance, во чија сопственост е TikTok. На овој начин Американците и понатаму би можеле да ја користат оваа апликација и не би подлежела на забраните кои американската влада ги воведува за повеќе кинески компании.

Групата инвеститори, вклучувајќи ги и тие од компанијата Sequoia и General Atlantic, размислуваат за купување на мнозински удел во апликацијата, пишува Financial Times. Инвеститорите преговараат со американското Министерство за финансии и со други регулатори за тоа дали купувањето на TikTok би можело да помогне со загриженоста за користењето на кинеската апликација.

- Advertisement -

Од TikTok не ја коментираат продажбата на апликацијата на американски инвестори и се повикуваат на претходните најави за промената во корпоративната структура. Како што објави Wall Street Journal, таквите промени вклучуваат основање на седиште на видеоапликацијата надвор од Кина.

“Многу сме убедени во долгорочниот успех на TikTok и ќе ги објавиме нашите планови кога ќе имаме што да објавиме” вели портпаролот на TikTok.

Сподели!
- Advertisement -