Како да се прилагодат бизнисите на новиот „нормален“ свет?

- Advertisement -

Секоја компанија која сака да го префрли бизнисот на Интернет мора да знае неколку работи за тоа што е новата „нормала“ во светот. Од почетокот на пандемијата употребата на Интернетот е зголемена за 50%-70%. Компаниите со иновативна технологија веќе имаат двапати поголеми приходи од другите, а со оглед на тоа дека економската криза доведува во опасност повеќе компании, најбитно е да се адаптираат бизнис моделите на дигиталниот свет.

Што треба да преземат лидерите за да бидат успешни во овој нов „нормален“ свет?

- Advertisement -

1. Првата работа што треба да ја направат е да ја искористат технологијата за да реорганизираат бизнисите и бизнис моделите. Да користат податоци во реално време за да имаат информирани услуги, да носат одлуки и да создаваат нови дигитални платформи и екосистеми. Проценките се дека до 2025 година над 30% од глобалните корпоративни приходи ќе доаѓаат од дигиталните екосистеми.

2. Да им дадат поголема моќ на сите коишто се вклучени во процесите – од вработените, клиентите до локалните заедници. Поради економската криза предизвикана од пандемијата до 2020 година може да бидат изгубени до 183 милиони работни места.

- Advertisement -

Затоа швајцарската банка UBS користи ботови за процесирање на апликациите и за доделување на кредити на малите бизниси, додека, пак, платформата за споделување превоз Ola ги следи автомобилите со цел да се осигура социјално дистанцирање во синџирот за снабдување со храна.

2. Да соработуваат за да ги променат системите и да се соочат со глобалните предизвици. Циркуларните бизнис модели може да создадат до 4,5 трилиони долари до 2030 година. Компанијата eRent користи дигитална платформа за да ги поврзе побарувачката и снабдувањето со опрема и исто така користи сензори за да ги следи, додека во Кина компанијата Ant Financial им помага на малите бизниси со заеми користејќи алгоритми за да се пресметаат кредитните оценки за неколку минути.

- Advertisement -

3 things every company should know about going digital in the 'new normal'

Since the pandemic began, internet usage has risen by up to 70%.📕 Read more: https://bit.ly/32IjxNo

Posted by World Economic Forum on Вторник, 21 јули 2020

(World Economic Forum)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -