Милијардерот Ричард Бренсон го претстави најновиот вселенски брод VSS Imagine

- Advertisement -

Англискиот милијардер Ричард Бренсон го претстави најновиот вселенски брод на компанијата Virgin Galactic наречен VSS Imagine. Флотата на Virgin Galactic е проширена откако го доби и третото летало. VSS Imagine е вселенски број направен од материјал сличен на огледало, а дел е од третата генерација вселенски бродови кои ќе претставуваат база за дизајнирање и производство на идните летала.

VSS Imagine е дизајниран да ја рефлектира околината за да може да ја менува бојата и изгледот додека патува од Земјата до вселената. Virgin Galactic соопшти дека третата генерација вселенски бродови е дизајнирана со подобрени перформанси кога станува збор за одржувањето и зачестеноста на летовите.

- Advertisement -

VSS Imagine покажува напредок во ефикасноста на дизајнот и производството. Додека вселенскиот брод ќе биде тестиран на копно, Virgin Galactic ќе работи на производство на уште едно летало од третата генерација наречено VSS Inspire. Целта на Virgin Galactic e 400 летови годишно по вселенските пристаништа.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -