Австралија ќе ги присили технолошките гиганти Facebook и Google да им плаќаат на австралиските медиуми за објавените вести. Овој потег има за цел заштита на независното новинарство и ќе биде под надзорот на будното око на целиот свет.
Австралија ќе стане првата земја во светот која од интернет компаниите ќе бара да им плаќаат на медиумските компании за новинарските содржини по моделот сличен на авторските права. Тоа годинава ќе биде уредено со закон, изјави министерот за финансии Џош Фрајденберг.
„Тоа би било почесно за работата на австралиските медиуми. Мора да обезбедиме подобра конкуренција, подобра заштита за потрошувачите и одржлива медиумска средина. Во прашање е иднината на австралиската медиумска средина“ изјави Фрајденберг.
Тој потег следуваше откако технолошките гиганти почнаа да се бранат од строгите регулативи кои се наметнуваат во целиот свет и еден ден откако американските пратеници во Конгресот ги нападнаа Google и Facebook за злоупотреба на пазарната моќ.
Медиумските компании како News Corp Australia, која е дел од медиумска корпорација News Corp на Руперт Мардок, кај австралиската влада лобираа за американските компании да се доведат на преговарачка маса после подготрајното опаѓање на приходите од огласување.
Додека други земји зборуваат за нечесното и штетно однесување на технолошките гиганти, австралиската влада е првата во светот која реагираше на тоа. Една студија од 2019 година покажа дека во текот на изминатите 10 години во Австралија се укинати 3.000 новинарски работни места затоа што традиционалните медиумски компании ги потрошиле своите приходи од огласување на Google и Facebook, кои, пак, не плаќале ниѓто за за медиумските содржини.
(Dnevnik.hr)
(фото: Maxpixel)