Историски момент – двајца американски астронаути се враќаат на Земјата со капсулата на Илон Маск

- Advertisement -

Двајца астронаути кои на крајот на мај годинава отидоа на Меѓународната вселенска станица со помош на капсулата Crew Dragon на компанијата SpaceX на Илон Маск денес треба да се вратат на Земјата. Тие треба да се приземјат после двомесечен престој на станицата. Ова беше првата мисија на НАСА со екипаж во последните 9 години.

По завршувањето на програмата за вселенски летови во 2011 година Американците на Меѓународната вселенска станица летаа со руски ракети. Американските астронаути Боб Бенкен и Даг Харли треба да слетаат на едно од седум местa во Мексиканскиот Залив или во Атлантскиот Океан околу 20 часот вечерва.

- Advertisement -

„Најтешкиот дел од мисијата беше лансирањето, но најбитниот дел е да се вратиме дома“ изјави Бенкен.

Ако успеат да се вратат на Земјата (а плановите би можел да ги поремети ураганот над брегот на Флорида), тоа ќе биде историски ден не само за НАСА, туку и за SpaceX. Имено, безбедното враќање на астронаутите ќе го означи успешниот крај на првата комерцијална мисија лансирана од американско тло.

- Advertisement -

Харли и Бенкен се вработени во НАСА под договор со SpaceX, а во вселената поминаа 62 дена, 114 часа во истражување и направија дури четири вселенски прошетки. Нивното слетување можете да го следите во живо на овој линк.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -