Levi’s претстави нова линија производи направени од марихуана

- Advertisement -


Многу луѓе кога ќе слушнат тексас или фармерки веднаш помислуваат на компанијата Levi’s. Светски популарниот бренд е препознатлив насекаде, а сега бараа поодржливи опции за облека со својата нова линија машки производи наречена Levi’s Stay Loose, која користи марихуана како суровина.

Stay Loose нуди неколку опции за мажите, кои се лабави и широки. Стиловите облека се направени од памук и марихуана, а чувството е како памук. Сега кога марихуаната е легална да се одгледува насекаде во САД, многу производи се направени со комбинација од марихуана поради цврстината, но и затоа што за одгледување на марихуана се троши помалку вода, хемикалии и се користи помалку почва за одгледување.

- Advertisement -

„Stay Loose се совршени фармерки за неформален изглед, вистинска комбинација од стил и удобност. ТИе потсетуваат на 90-тите, но со современи елементи“ велат од Levi’s.

Фармерките се долги до делот каде што почнуваат патиките, што овозможува на тој што ги носи да ги покаже и своите чевли. Ги има во повеќе бои од црна, темно сина и избледена сина. Освен тоа, тука се и Stay Loose Carpenter Pant, кои наликуваат на занаетчиски панталони со подлабоки џебови. Друга опција се Climber Pant, направени од тенок, растеглив материјал со еластична половина.

- Advertisement -

Додека оваа линија на облека на Levi’s го покажува потенцијалот на марихуаната како одржлив материјал, сепак само 23% од материјалот е марихуана, а 77% е памук.

(Inhabitat, Levi’s)

- Advertisement -

(фото: Levi’s)

Сподели!
- Advertisement -