Македонија ќе добие 160 милиони евра од програми за поддршка на земјите во процес на проширување

- Advertisement -

Европската Комисија (ЕК), во име на ЕУ, од денеска договори Меморандуми за разбирање (МзР) за програми за макрофинансиска помош (МФП) со осум партнери. Договорите се дел од Пакетот за МФП од три милијарди евра за десет земји кои се во процесот на проширување и земји од соседството, со цел да им се помогне да го ограничат економскиот колапс од пандемијата со коронавирусот.

За Македонија, условите на политиките за нивната програма за МФП од 160 милиони евра се однесуваат на зајакнување на фискалното управување и транспарентноста, борбата против корупцијата, подобрување на супервизијата на финансискиот сектор, подобрување на деловното опкружување и справување со невработеноста кај младите.

- Advertisement -

Тековната и брза имплементација на овие програми, стои во соопштението од ЕК, е важен показател на солидарноста на ЕУ со овие земји во време на криза од претходно невидени размери.

– Меморандумите за разбирање со Албанија, Грузија, Јордан, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија и Украина се веќе договорени. Исто така, овие документи се официјално потпишани со четири од нив: Косово, Молдавија, Македонија и Украина. Во тек се преговорите за МзР со преостанатите две земји – Босна и Херцеговина и Тунис, се наведува во соопштението.

- Advertisement -

Одлуката за доделување на макрофинансиска помош на десет земји кои се во процесот на проширување и земји партнери од соседството во контекст на Ковид-19 пандемијата беше предложена од страна на Комисијата на 22 април и усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на 25 мај 2020 година.

Извор – МИА

Сподели!
- Advertisement -