Како Бреинстер го создаде образованието што вработува?

- Advertisement -

До заедницата,

Приказната на Бреинстер (Brainster) започнува во 2015 година. Тогаш бевме стартап, со претпримачки сон, како да успееш во Македонија.

- Advertisement -

Тогаш постоеше проблем, имаше потреба од креирање на квалитетно образование, фокусирано на дигиталните вештини, учење преку реални проекти и инструктори кои се експерти во нивната работа. 

Токму тоа го создадовме. Од стартап, со двајца вработени, прераснавме во компанија составена од +70 вработени. Но, ние не сме само уште една компанија, НИЕ сме многу повеќе. Ние сме 1# образование што вработува. Зошто? 

- Advertisement -

Многу едноставно, од почетокот кога бевме само стартап до денес, кога сме успешна компанија вработивме 2136 студенти. Само изминативе две години имаме 927 вработувања. Тоа значи дека секој ден се вработувал по најмалку 1 студент.

Кога започнавме, имавме една цел-креирање на квалитетно образование. 

- Advertisement -

Денес, целиот еко-систем креиран на постулатите на квалитет, целата наша заедница што фукнционира како еден жив организаам има нова мисија-вработување на нашите студенти.

Лекција 1: Како се станува #1 образование што вработува?

Ние сме единствени што имаме креирано цел тим-Partnerships. Тим кој е посветен исклучиво на таа една цел-директно вработување на нашите студенти. 

Преку склучување на партнерства со локални и странски компании кои вработуваат цели групи на студенти. Компании како Pabau, Influencers Club, Kin+ Carta, Flowd, TestDev Labs, MediaGenix се само дел од нашата заедница.

Тоа го постигнуваме преку автоматизиција на процесот на вработување. Или креирање на талент маркети на нашата дигитална платформа, што значително го скратува процесот на вработување кај компаниите. Од потребата за вработување кај компаниите, до препораката испратена со наши студенти не оставаме да помине повеќе од 1 ден. Резултат од ова е 4 месеци и 4 дена просечно време за вработување на студентите. 

Преку вложување во најголемиот саем за вработување досега. Каде ексклузивно САМО нашите студенти ќе се препорачуваат и вработуваат во над 40 компании од Македонија и странство. Повеќе информации наскоро.

Успесите во ова поле ги постигнуваме преку иновација и креирање на директни можности за вработување уште во текот на студирањето. Во соработка со компаниите креиравме teaching partnerships. Нашите партнер-компании од индустријата, како Motion Alley предаваат модул креиран од нивна страна на академиите, дополнителна вештина што креира огромна вредност за студентите и овозможува, како повеќе опции за вработување понатаму, така и директна можност за вработување во компанијата што предава.

Лекција 2: Како се станува #1 образование што вработува?

Немој да бидеш само уште една компанија. Креирај заедница! 

Бреинстер заедницата секоја година брои дополнителни 1400 студенти. Нашата заедница е збогатена и со средношколци кои се приклучија на нашиот факултет Бреинстер Некст колеџ и станаа студенти. А од оваа година се приклучија и студентите од Бреинстер Албанија. Ви благодараме што секоја година ни ја давате вашата доверба!

Бреинстер заедницата брои повеќе од 150 инструктори и професори. Делот на експерти и професионалци што секој ден го работат тоа што го предаваат и несебично ги споделуваат искуствата и знаењата со нивните студенти. Ви благодариме што секој час го давате својот максимум!

Бреинстер заедницата брои повеќе од 200 партнер-компании. Врската со индустријата која ни помага да сме во тек со сите потреби и трендови и правејќи нѐ секој ден сѐ подобри. Ви благодариме на соработката и можноста да креираме заедно успешни приказни.

Лекција 3: Како се станува #1 образование што вработува?

Секогаш давај повеќе!

Станавме #1 образование што вработува бидејќи се грижиме. Се грижиме за секој еден студент да го добие најдоброто искуство за време на студирањето и за таа цел создадовме student success тим што ќе им го овозможи тоа. 

Станавме #1 образование што вработува бидејќи скалираме. Опремени се пространи простории-Бреинстер Space во Капиштец, за студентите да можат да слушаат експерти, професионалци, да работат на хакатони и да посетуваат конференции.

Станавме #1 образование што вработува бидејќи се адаптираме. Се реорганизиравме во онлајн и хибридно образование. Се смени светот, remote working стана новото нормално. Па, така и едукацијата. 

Станавме #1 образование што вработува бидејќи иновираме.

Имаме создадено тим за иновации и технологија кој креираше наш Learning Management System наша платформа преку кој студентите учат. Бреинстер Learn е систем преку кој секој студент има можност да го следи своето учење и својот прогрес. Ако нема предзнаење, да се подготви и да ја следи претпрограмата. Ако не внимава на час? (не го препорачуваме, но се случува). Да го прегледа часот кој се снима и прикачува на платформата по неговото завршување.

Да добива задачи и да биде оценуван. Но, во исто време да има и интеракција со student success тимот и инструкторите. Да дава фидбек, забелешки, коментари и да поставува прашања. Најинтересно од сѐ, да биде во чекор со сѐ што се случува, преку известувања и нотификации и да биде мотивиран за повеќе учење преку гејмификација. 

Станавме #1 образование што вработува бидејќи никогаш не застануваме.

Многу самоуверени, но никогаш мирни, одиме напред да направиме повеќе. Повеќе за нашата заедница и нашите студенти. Инвестираме 200.000 евра во Бреинстер+ Академиите. Академии кои денес се релевантни и кои ќе ти помогнат да се вработиш во ерата на AI, зголемена конкуренција и зголемена потреба за побрзо стекнување нови вештини.

Зошто сме #1 образование што вработува?

Тимот од Partnerships репортира неверојатен број од 73 вработувања во првите три месеци од оваа година! 927 вкупно во изминатите две години, или вкупна бројка од 2136 вработувања која секој ден расте. 

Секој вработен што е дел од Бреинстер има само една цел, да се грижи оваа бројка секој ден да расте. 

Токму затоа, Бреинстер е #1 образование што вработува.

Сподели!
- Advertisement -