Во Австрија најавен нормален почеток на учебната година

- Advertisement -


Министерот за образование на Австрија, Хајнц Фасман, најави нормален почеток на учебната година, без поделба на одделенијата на помали групи и настава во смени, а сето тоа со следење на корона семафорот.

Фасман на прес конференција објасни дека наставата од дома ќе биде воведена само во случај на регионално зголемување на бројот на заболени, односно кога корона семафорот, кој го воведе австриската влада за следење на ситуацијата во секоја оштина, ќе биде во црвено. За учениците во средните училишта од 14 години нагоре учењето на далечина може да се примени кога семафорот ќе биде на портокалово.

- Advertisement -

Инаку, корона семафорот моментално е во експериментална примена, а најавено е дека од почетокот на септември ќе почне нормалната примена, па уште не е јасно како ќе изгледаат ефектите од семафорот во училиштата.

Фасман вели дека е неопходно да се добие јасна дефиниција за тоа кога се менуваат боите на семафорот. „Од наесен сакам нормална работа на училиштата. Тоа значи без смени и делење на одделенијата во помали групи“ објасни тој.

- Advertisement -

Министерот додаде и дека ќе се избегнува целосно затворање на училиштата. Доколку корона корона семафорот биде на црвено, тоа значи целосно затворање на една општина, а и затворање на училиштата на таа територија, односно учење од дома.

Што се однесува на спортските активности, тие ќе се одржуваат само на отворено и тоа без контактни спортови. Фасман објасни дека планира во училиштата контактите меѓу учениците да се ограничат на одделението во коешто одат за да се намали можноста за ширење на вирусот.

- Advertisement -

Доколку некој ученик има симптоми мора да остане дома, а во случај симптомите да се појават кај други во училиштето, тоа ќе биде изолирано и ќе бидат информирани здравствените власти, кои одлучуваат за понатамошно делување.

Секои три недели, како што најави Фасман, ќе биде спроведено тестирање на околу 15.000 ученици и 1.200 наставници во 250 училишта во Австрија, за да се следи состојбата.

(Al Jazeera Balkans)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -