13-тото издание на Weekend Media Festival нема да се одржи поради COVID-19

- Advertisement -

После 12 успешни години, 13-тото издание на Weekend Media Festival нема да се одржи поради глобалната пандемија со COVID-19, пренесува smartportal.mk.

„Сакаме да бидеме одговорни кон Weekend заедницата. Иако изгледаше дека ситуацијата со коронавирусот ќе се стабилизира до есен, сега кога тоа веќе не е сигурно, одлучивме да не го одржиме овогодинешниот Weekend Media Festival. Weekend не е само фестивал, туку веќе и заедница која се создаде во текот на 12 години дружење во Ровињ. Одговорноста кон таа заедница едноставно не ни дозволува да организираме фестивал ако не можеме да бидеме сигурни дека здравствената ситуација тоа го дозволува. Weekend е искуство, а ако не можеме да го овозможиме тоа искуство, тогаш тоа не е Weekend“, изјави директорот на фестивалот Томо Рицов.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека Weekend не е само конференција или само фестивал, туку Ровињ, море, забава, сонце, предавања и дружење, па неговата улога е посебна во специфичен контекст на регионот, Weekend нема да се одржи онлајн ниту во било која друга форма. Weekend оди само ако сите тие елементи можат да се исполнат и ако сите Weekend-аши можат да уживаат во тоа.

На сите кои веќе ги имаат купено котизациите ќе им биде вратен целиот износ на уплатата. Организаторите истакнуваат дека следното собирање во Ровињ е резервирано за идната година кога сите посетители ќе можат заедно да се потсетат на успешните 12 години на најголемиот регионален фестивал во комуникациската индустрија, а оваа година едноставно ќе ја прескокнеме и што побрзо ќе ја заборавиме.

Сподели!
- Advertisement -