Роботските автомобили на Google се подобри возачи од луѓето и можат да спасуваат човечки животи

- Advertisement -

Од Google, односно нивната компанија Waymо со години зборуваат дека нивните компјутери кои управуваат со роботските автомобили се многу подобри и посигурни возачи од луѓето. Тие се придржуваат до ограничувањето на брзината, држат растојание меѓу возилата, секогаш ги пуштаат автомобилите од спротивен правец пред свртување и се разбира, никогаш не се изморени, под влијание на алкохол или дрога и сл. Своите тврдења тие сега ги докажаа и на еден интересен начин. Направија симулации базирани на вистински настани, односно сообраќајни незгоди кои се случиле на територија на Аризона, каде што Waymo моментално ги нуди услугите на своите роботски такси. Притоа, ја користеа истата платформа која ја користат и при тренирањето на своите автономни возила на виртуелни патишта кога ги подготвуваат за реални услови.

Во симулациите на тие сообраќајни незгоди во кои учествувал само еден автомобил тие го заменија со свој автономен автомобил. Во сообраќајните незгоди во кои учествувале две возила, во една симулација возилото визновно за несреќата го заменија со свое роботско возило, а во втората симулација го заменија возилото кое само учествувало во несреќата.

- Advertisement -

Низ 91 симулација Waymo реконструираше 72 сообраќајни несреќи кои се случиле од 2008 до 2017 година. Притоа воделе сметка возилата да бидат изложени на истата ситуација како и реалните автомобили. Резултатите кои ги добиле се одлични. Се покажа дека автомобилите на Waymova ги избегнале или ги ублажиле последиците од незгодите во 88 од 91 симулација. За сообраќајните несреќи кои ги ублажиле автономните возила ризикот од сообраќајни повреди е намален за 1,3 до 15 пати. Тоа значи дека дури и ако автомобилите не ги избегнат целосно судирите, презеле акции кои значително го намалиле ударот, па затоа е и помала веројатноста луѓето во возилото да погинат.

Во случаите каде возилото на Waymo заменило возило кое предизвикало сообраќајна несреќа, се покажало дека копјутерот како возач би избегнал дури 82% од сообраќајните несреќи. Посебно е интересно што во најголем дел од случаите дури не било потребно ни да се направи некаков маневар или нагло да се кочи. Во 10% од случаите поради брзата реакција на компјутерот и вртење на лево намалена е тежината на ударот. Ударите кои возилата на Waymo не успеале да ги спречат се кога нивните такси возила удриле автомобил кој се возел зад нив затоа што во таквите случаи не може да се направи многу.

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -