Млади загрепчани стартуваа кампања на Kickstarter за „најпаметната игра во светот“

- Advertisement -

Тројца средношколци од Загреб направија вистинска друштвена игра со елементи на модерна технологија – Mundus. Станува збор за играчка конзола која е компатибилна со секој паметен телефон. Секое од 16-те полиња содржи светла и сензори кои и даваат живот на играта, а заедно со фигурите 5-те копчиња во секој агол даваат ново ниво на интеракција. Во зависност од тоа кој начин на играње ќе го изберете на паметниот телефон, играта може да биде забавна, едукативна или натпреварувачка.

Од првите верзии кои ги претставија досега играта доживеа и бројни истражувања. Пред да се одлучат да го насочат проектот и производот за приватни корисници играта и едукативната платформа бниле наменети исклучиво за користење во училишта и останати образовни институции.

- Advertisement -

На нивната веб-страница имале прашалник, каде што постојано им стигнувале прашања од луѓе кои сакале да ја купат играта Mundus за дома. Така полека почнале да размислуваат за тоа да ја прилагодат Mundus за приватните корисници. Дотогаш целта била да одговараат на прашања и со тоа да освојуваат полиња на другите играчи. Меѓутоа, со појавата на корона вирусот и затворањето на училиштата во Хрватска и во Словенија, кои биле нивни главни пазари, се одлучиле да се посветат на прилагодување за приватни корисници.

Но, за играта да ја донесат пред приватните корисници морале да почнат со производство, а тоа чини пари. Затоа авторите на Mundus, Филип Херциг, Лука Думанчиќ, Матија Фучек и Фран Зекан, одлучиле да стартуваат кампања на Kickstarter и не само што ќе им покажат на луѓето како ќе изгледа нивната игра туку да најдат луѓе кои ќе го поддржат производството.

- Advertisement -

Со собраните средства планирано е да се произведе калап и да се оптимизира производството на Mundus паметните плочи. Со евентуалниот вишок средства планирано е да се осигура развојот на други игри за Mundus паметната конзола за сегашните идните корисници да можат да играат што повеќе игри на Mundus.

Mundus го развивале 5 години и поминал низ многу верзии. Верзијата која сега е на Kickstarter е 9-та по ред. Првите верзии биле направени од дрво. Последните четири години успеале да направат игри најпрвин од плексиглас, а потоа и многу подобра апликација која на корисниците им нуди далеку подобро корисничко искуство.

- Advertisement -

Тестирањето го спровеле на пријатели и членови на семејствата, како и учениците во 60-ина училишта во Хрватска и во Словенија. Тие го тестирале Mundus и во наставата, како еден вид на игра преку која се проверува знаењето.

Kickstarter кампањата трае 60 дена, а целта им е да соберат 10.000 долари за до идното лето да ги испорачаат првите игри.

(Dnevnik.hr)

(фото: Kickstarter)

Сподели!
- Advertisement -