На Германија и требаат најмалку 50.000 негуватели

- Advertisement -

Недостигот од стручен кадар во здравството во најсилната европска економија и пред корона вирусот беше голем проблем за германската влада. На Германија и требаат најмалку 50.000 негуватели, а со ова темпо до 2030 година може тој број да се искачи на 300.000. Министерот за здравство Јенс Шпан тој проблем ќе го реши со работна сила од странство, но во доба на корона тоа не е баш лесно, пишува Deutsche Welle.

Тоа не е нов проблем. Уште од 2013 година постои програмата Централно посредништво за странска и стручна работна мрежа во рамките на Сојузната агенција за труд. Под називот Triple Win се бараат негуватели во странство.

- Advertisement -

На средината на 2019 година министерот Шпан сакал да внесе уште малку свежина во офанзивата за врбување на работна сила. Прво отпатувал на Косово, а потоа во Мексико за да склучи договори за вработување. Непосредно пред тоа ја основал Геманската агенција за стручна работна сила во секторите здравство и нега (DeFa).

Агенцијата би требало, пред се, да се грижи за тоа на стручната сила да и се олесни влезот и излезот од земјата. Но, поради моменталните мерки за пандемијата доведувањето нова работна сила е стопирано на неодредено време. DeFa веќе има 1.300 договори со негуватели од Мексико и од Филипините.

- Advertisement -

Сепак, бројките не покажуваат дека досегашните мерки се успешни. Од 2013 година во Германија стигнале околу 4.000 негуватели и во тој број не се вклучени луѓето кои дошле преку други агенции. Годинава нема да биде подобра со оглед на тоа дека поради короната се октажани и разговорите со негуватели планирани за летово во партнерските земји.

(Deutsche Welle)

- Advertisement -

Фото – wallpaperflare

Сподели!
- Advertisement -