YouTube во март идната година ќе лансира нова интернет музичка платформа наречена Remix. Платформата би требало да биде комбинација од сервисите Youtube Red и Google Play Music и на корисниците ќе им овозможи слушање музика и гледање видеосодржини. Најголемата музичка платформа на светот на овој начин сака да ја поедностави производите кои се ребрендирани и повторно стартувани изминатите години.
Според странските медиуми, лансирањето на платформата зависи од раскинувањето на договорите со два од трите најголеми издавачи на музика на YouTube: Sony Music Entertainment и Universal Music Group. Третиот голем издава на Youtube, Warner Music Group, наводно, веќе потпишал договор со новите услови.
Индустријата за снимање со години го критикува YouTube поради недоволната исплата на уметниците и несериозниот проистап кон авторските права, и покрај тоа што снимките од оваа музичка платформа се меѓу најпопуларните и најгледаните во светот. Google се обиде да креира музички сервис кој би му конкурирал на Apple и на Spotify, но не успеа да привлече доволне број корисници.