Илон Маск повторно се запиша во историјата – една иста ракета ја искористи за дури 6 лансирања

- Advertisement -

Американската компанија SpaceX, основана од иноваторот Илон Маск, годинава бележи успех по успех. Меѓу последните историски достигнувања на компанијата се лансирањето на 11-тата мисија на сателитите Starlink, 100-тото лансирање на некоја ракета во склоп на SpaceX и лансирање на една иста ракета по шести пат.

Тоа е уште еден чекор кон остварување на целта која си ја зададе шефот на SpaceX, Илон Маск – дека речиси секој дел од една ракета може да се користи и по неколку пати за различни лансирања. Имено, тоа значително би ги намалило трошоците за летови во вселената и би ги направило попристапни и за малите компании, но и за обичните граѓани.

- Advertisement -

Во свој стил, Маск за успешното враќање на деловите од ракетата Falcon се пофали на Twitter.

Во рамките на лансирањето во ниската земјина орбита се испратени 58 сателити на Starlink, кои треба да им се придружат на стотиците кои се испратени претходно за да се создаде една мрежа на сателитски интерент. Освен сателитите на Starlink, на ракетата Falcon кон вселената полетале и три сателити SkySat за приватната компанија Planet, која ќе прави фотографии од Земјата.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: WallpaperFlare)

Сподели!
- Advertisement -