Се случи најголемата кражба на криптовалути во светот

- Advertisement -

Според податоците на компанијата CipherTrace, загубата во секторот децентрализирани финансии само годинава достигнале дури 474 милиони долари. Но, загубата поради сајбер криминалот изнесува дополнителни 681 милиони долари.

Имено, хакери упаднаа во блокчеин страницата Poly Network и украдоа илјадници дигитални токени. Во превод, тоа значи дека направија вистинска криптокражба во која успеаја да украдат криптовалути во вредност од дури 600 милиони длари. Според неофицијалните информации, украдени се околу 267 милиони долари во етереум, 252 милиони долари во бајненс и околу 85 милиони долари во USDC токени.

- Advertisement -

Poly Network признава дека хакерите ја искористиле ранливоста на нивниот систем за да дојдат до тие токени и ги повикаа да им се јават и да ги вратат украдените криптовалути. priznao je kako su hakeri iskoristili ranjivost u njihovom sustavu kako bi se dočepali tokena te ih pozvali da im se jave i vrati ukradenu kriptoimovinu.

„Количината криптовалути кооја вие ја украдовте е една од најголемите во историјата на децентрализирани финансии. Полицијата од сите земји на тоа ќе гледа како на сериозен финансиски криминал и ќе ве прогонува. Парите кои сте ги украле се сопственост на десетици илјади членови на криптозаедницата“ порачаа од Poly Network.

- Advertisement -

Ги повикаа и криптоменувачниците да го блокираат чувањето криптовалути откако е откриено дека милиони долари во токени се префрлени во разни дигитални пари. Директорот на Binance, Чангпенг Жао, порача дека се свесни за кражбата, но не можат многу да направат во врска со тоа. Тој истакна дека ќе се обидат да помогнат, но без гаранции.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -