Тим од германски и швајцарски научници предводени од невробиологот проф. Клер Џејкоб открија многу битен механизам кој може да се искористи за контрола на обновата на миелинската обвивка после трауматски повреди или кај дегенеративни болести како што е мултиплекс склерозата.
Научниците од Универзитетот Јоханес Гутенберг во Мајнц и Универзитетот Фрибург во Швајцарија успеаја да ги регенерираат оштетените миелински обиввки кај глувци откако ги третирале со активната супстанција теофилин, со што успешно ја вратиле нивната нервна клеточна функција.
Имено, невроните се состојат од аксони, односно долги влакнести екстензии кои испраќаат сигнали до други клетки во телото. Многу од аксоните се опкружени со миелинска обвивка, односно дебел масен слој кој ги штити и им помага во брзиот пренос на стимулативни импулси. Без миелнот функционалниот капацитет на невроните, а со тоа и на целиот нервен систем е многу ограничен и невроните можат многу лесно да се уништат.
Мултиплекс склерозата е една од болестите кои се поврзуваат до деградација на миелинската обвивка. Пациентите поминуваат низ прогресивни епизоди на демиелинизација, што резултира со губење на функциите на нивниот нервен систем. Капацитетот на човечкото тело за ремиелинизација драстично опаѓа како што старее човекот, но ремиелиниацијата на аксоните може да го спречи тоа.
„За да го поттикнеме обновувањето на миелинот мора да го разбереме процесот кој го контролира тој механизам“ вели професроката Џејкоб од Универзитетот Јоханес Гутенберг.
Нејзиниот тим во истражувањето проучувал како се случува ремиелинизацијата во периферниот и во централниот нервен систем кај глувците. „Прво сакавме да го разбереме процесот на ремиелинизација. Потоа проучувавме како да се блокира тоа“ објаснува Џејкоб.
Нејзиниот тим го открил главниот фактор во протеинот eEF1A1, кој кога се активира со ацетилација го спречува процесот на ремиелинизација. Ако eEF1A1 се сеактивира со деацетилација, тогаш се отвора можност за обнова на миелниската обвивка. Тимот открил дека протеинот кој го деацетилира eEF1A1 е ензим кој се вика хистон деацетилаза 2 (HDAC2).
Активноста на HDAC2 ја зголемиле со користење на активната супстанција теофилин, кој може да се пронајде во листовите на чајните билки и долго се користел во лечењето на астмата. Во случајот на глувците примената на теофилин резултирала со значајно закрепнување по само четири дена користење.
Обновата на миелинската обвивка е забрзана и кај младите и кај старите глувци, и тоа при користење и на ниски дози на теофилин. Тоа е голем плус во однос на познатите нуспојави при користењето високи дози од таа супстанција.
Студијата е објавена во медицинското списание Nature Communications.
(News Medical)
(фото: Freepik)