Нова препорака од Светската здравствена организација – сите контакти со заразени со коронавирус мора да се тестираат без оглед дали имаат симптоми или не

- Advertisement -

Светската здравствена организација вчера соопшти дека луѓето кои биле во контакт со заразени со корона вирусот треба да се тестираат без разлика дали имаат симптоми или не.

Тоа е препорака од СЗО на прес конференција во САД, каде што епидемиолозите оцениле дека не се потребни тестови за луѓето кои немаат симптоми на болеста. Во одговорот на прашањата на новинарите на таа тема епидемиологот Мариа Ван Керкове на СЗО не ја коментираше состојбата во САД, но истакна дека оваа агенција на ОН препорачува ако е можно сите контакти да се тестираат независно од развојот на симптоми.

- Advertisement -

„Знаеме дека луѓето кои имаат симптоми го пренесуваат вирусот, но исто така и луѓето кои немаат симптоми можат да го пренесат вирусот“ изјави Керкове.

Таа ја нагласи важноста на тестовите, кои би требало да се употребат за пронашѓање активни случаи и нивно изолирање, како и за барање на нивните контакти. Промената на советите во САД беше направена во понеделникот на страницата на Центарот за превенција и борба против болести, а медиумите предупредија на вмешување на Белата куќа во таа одлука.

- Advertisement -

Претседателот Доналд Трамп повеќе пати оцени дека неговата земја треба помалку да тестира и дека тестовите даваат лоѓа слика за менаџирањето со пандемијата во САД. Податоците од САД говорат за повеќе од 5,8 милиони потврдени случаи на КОВИД-19 и речиси 180.000 мртви.

(Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -