Венеција доби риби-роботи кои ќе го следат квалитетот на водата во каналите

- Advertisement -

Меѓународен тим од научници лансираа уникатен истражувачки проект во каналите на Венеција, пуштајќи во водите јато од автономни подводни роботи кои наликуваат на риби

Проектот е финансиран од Европската унија и преку него биле три дизајнирани био – инспирирани видови на роботи: мини платформи кои пливаат на површината на водата,  риба – робот која плива во плитките води и риба-робот која ќе плива на поголема длабочина.

Улогата на овие роботи е да врши анализа и да помага во заштита на екосистемот на венецијанската лагуна. Роботите кои ќе пливаат длабоко ќе собираат податоци, риба-роботот кој функционира во плитките води ќе ги транспортира податоците, а платформите кои пливаат на површината ќе ги праќаат податоците до површината за анализирање.

- Advertisement -

Роботите се дизајнирани да комуницираат меѓу себе и да работат како еден вид на јато, користејќи био – инспирирани алгоритми под влијание на природата. Еден од предизвиците било да се создаде технологија за комуникација на роботите под вода бидејќи безжичниот интернет и GPS не работи под вода.

- Advertisement -

„Ние развивме сонарна технологија, односно роботите ги опремивме со посебно „чувство“ кое им овозможува да гледаат во немирни води и да ја препознаваат средината. Тие меѓусебно градат електрично поле преку кое ќе комуницираат во немирните води на венецијанските канали.“, објаснува Томас Шмикл, биолог од Универзитетот во Грац кој е соработник во проектот.

Роботите преку сензори ќе ја мониторираат флората и фауната, како и влијснието кое индустријата и туризмот во Венеција го имаат на подводниот свет. На крајот на експериментот, планирано е да се пуштат во водите вкупно 120 уреди што ќе претставува најголемото автономно подводно јато до сега.

Сподели!
- Advertisement -