Претставен тест кој ќе ги разликува обичните грипови од корона вирусот

- Advertisement -

Компанијата за клиничка дијагностика Novacyt на пазарот претстави тест кој го разликува КОВИД-19 од обичните зимски грипови. Компанијата веќе објави дека тестот Winterplex препознава два гени специфични за КОВИД-19, како и гени кои детектираат грип од типот А и Б и респираторен синцициски вирус RSV.

Веруваме дека Winterplex е првиот одобрен тест кој го разликува КОВИД-19 од вообичаените респираторни болести“, изјави директорот на Novacyt, Греам Мулис.

- Advertisement -

Од Novacyt велат дека новиот производ се очеквуа да ги зголеми приходите на компанјата. Акциите на Novacyt на берзата во Париз поскапеа за 6% на почетокот од тргувањето, додека од почетокот на 2020 година досега цената на акциите се зголемена за 1,900%.

Новиот PCR тест (тест на принципот реакција од синџирот полимераза) е еден од бројните производи од типот PCR кои веќе ги има на пазарот и го дијагностицираат присуството на КОВИД-19. PCR е главниот метод за тестирање во бројни земји. Со нив болеста се открива така што генетскиот материјал се размножува до точка кога научниците можат да го детектираат.

- Advertisement -

(Reuters, Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -