Французинот Бернар Арно повторно е најбогат човек во светот

- Advertisement -

Францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој има контролен пакет акции во францускиот холдинг за луксузна стоока LVMH, се наоѓа на првото место на ранг-листата на Bloomberg со најбогати луѓе во светот. Според таа листа, богатството на Арно изнесува 215 милијарди долари,а од почетокот на годинава досега е побогат за 7 милијарди долари.

На второ место е основачот и поранешен извршен директор на Amazon, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 198 милијарди долари, вклучувајќи и 20,8 милијарди долари со кои се збогатил од јануари досега. Основачот на Teslа и SpaceX, Илон Маск, е на трето место со богатство од 194 милијарди долари.

- Advertisement -

Меѓу десетте најбогати луѓе во светот се и основачот на Meta, Марк Цукерберг (153 милијарди долари), основачот на Microsoft, Бил Гејтс (149 милијарди долари), соосновачите на Gооgle и Alphabet, Лери Пејџ (146 милијарди долари) и Сергеј Бринi (138 милијарди долари), поранешниот генерален директор на Мiсrosoft, Стив Балмер (130 милијарди долари), американскиот инвеститор и филантроп Ворен Бафет (132 милијарди долари) и основачот на корпорацијата Oracle, Лери Елисон (129 милијарди долари).

(021)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -