Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво од минатата недела.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит и од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 ден/кг и ќе изнесува 26,531 ден/кг.
Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,52 % во однос на одлуката од 24.08.2020 година .
Од 01.09.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 51,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,531 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 2,533%, кај дизелот има намалување за 1,317%, кај екстра лесното масло се регистрира намалување за 0,014%, додека кај мазутот има зголемување за 0,737% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,558%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 01.09.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 24.08.2020), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,844 | 0,974 |
Австрија | 1,024 | 1,061 |
Бугарија | 0,933 | 0,923 |
Хрватска | 1,155 | 1,219 |
Германија | 1,082 | 1,289 |
Грција | 1,157 | 1,431 |
Италија | 1,286 | 1,400 |
Унгарија | 1,073 | 1,062 |
Словенија | 1,006 | 1,006 |